„Гаспром“ му одбројува на Киев до крајот на неделата!
Русија до крајот на неделата би можела да ја прекине испораката на гас за Украина, ако Киев не ја плати новата рата, рекол портпаролот на Гаспром Сергев Купријанов. Москва и Киев после спорот околу цените и долгот за гас кој предизвикал стравување во остатокот на Европа дали тој енергент ќе стига од Русија, во октомври потпишаа спогодба според која Украина мора однапред да ги плаќа испораките.
„Ако новите средства не стигнат од Киев, тогаш пригодно не можеме да продолжиме со испораката на гас кон Украина“, рекол Купријанов, но не наведува кој износ го бара Москва. Тој додал дека во тек се разговори со украинската компанија Нафтогас.
Рускиот претседател Путин вчера рекол дека последната исплата од Украина ќе биде добра за „уште три до четири дена“.
Прашањето е колку Украина која е на работ на банкрот поради судирите на истокот од земјата, може да плати за гасот. Меѓународниот монетарен фонд овој месец и одобри на Украина нов пакет на помош од 15,5 милијарди евра, но тие пари уште не се исплатени.
Курпијанов рекол дека засега Русија е подготвена „на страна да го остави“ прашањето дали гасот испорачан на истокот од Украина е под контрола на бунтовниците, треба да биде дел од сметките кои ги плаќа Киев.
