Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГАСПРОМ“ ЈАВУВА - ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА ЌЕ „ЗДИВЕ“: Расте извозот на руски гас во Кина

„ГАСПРОМ“ ЈАВУВА - ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА ЌЕ „ЗДИВЕ“: Расте извозот на руски гас во Кина

Рускиот производител на гас „Гаспром“ го претстави својот деловен извештај за првите седум и пол месеци од оваа година. Тој наведе и „конзервативна проценка“ според која цената на гасот во Европа ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри во текот на претстојната зима.

Извозот во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД), односно сојузот на поранешните советски републики, изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2%. Истовремено расте извозот на руски гас во Кина, пишува Комерсант.

Цената на гасот во Европа веќе се искачи на рекордни 2.500 долари

Производството на Гаспром од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува Гаспром на домашниот пазар е намалена за 2,3 отсто.

„Комерсант“ наведува дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, која сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри и пишува дека причината за тоа е намалувањето на понудата на „Северен тек“ од страна на Газпром.

На 15 август цената на гасот во Европа се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е се поскап поради топлината и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производствените капацитети, пишува Комерсант.


Слично

Поврзани вести