Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гаспром“ ја почна изградбата на „Турски поток“-до кога ќе биде завршен проектот?

„Гаспром“ ја почна изградбата на „Турски поток“-до кога ќе биде завршен проектот?

На 7 мај 2017 година „Гаспром“ ја почна изградбата на морскиот дел на „Турски поток“, соопшти руската компанија на својата страница. Работата се врши од страна на компанијата Allseas.

За првите градежни работи се користи морскиот Audacia преку кој се поставуваат цевките во микротунели по крајбрежјето на Русија. Во длабоките води на Црното Море ќе биде користен друг брод - Pioneering Spirit.

„Денес пристапуваме кон практичната реализација на проектот “Турски поток“- морскиот дел на гасоводот“, коментира шефот на „Газпром“ Алексеј Милер, цитиран од прес-центарот на компанијата.

Тој предвидува дека работата на изградбата на гасоводот ќе биде според планот. „Кон крајот на 2019 година нашите турски и европски потрошувачи ќе добијат нов, сигурен пат за увоз на руски гас“, рече тој.

Пред неколку дена Милер го коментира проектот со рускиот претседател Владимир Путин и доби наредба за почеток на изградбата.

Плановите се „Газпром“ да изгради две цевки со капацитет од 15,7 милијарди кубни метри секоја. Едната од нив има сигурен пазар - турските корисници. Засега не е јасна судбината на втората цевка - таа треба да испорача гас за Европа преку територијата на Грција. Во ЕУ сеуште не се разгледале слични планови на „Газпром“.

Цевките тргнуваат од компресорската станица „Русская“ крај АНАП и по дното на Црното Море излегуваат на турскиот брег. Должината на морскиот дел на гасоводот е 900 километри.

Проектот беше претставен од претседателот на Русија Владимир Путин за време на неговата посета во Анкара на 1 декември 2014 година. Тогаш Путин го најави крајот на „Јужен поток“, кој требаше да минува низ територијата на Бугарија.

Слично

Поврзани вести