Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаспром има рекордни приходи и ќе ја интензивира испораката за Кина

Гаспром има рекордни приходи и ќе ја интензивира испораката за Кина

Газпром најави нов проект со Кина и  се пофали со рекордни приходи оваа година. 

Руски Газпром ќе ја прошири мрежата на гасоводи и ќе изгради нови складишта за да може на Кина да ѝ испорачува повеќе гас. Периодот од јануари до јуни компанијата поради зголемувањето на цените на гасот го заврши со нето добивка од 2,5 билиони рубли (41,8 милијарди долари), најголема од основањето на компанијата. Очекуваат дека оваа година ќе биде подобра од ланската. 

Газпром престана да објавува финансиски извештаи откако Русија ја почна војната во Украина, но неговите функционери повремено во јавноста изнесуваат податоци со резултатите, истакнува Ројтерс.

Европските земји ѝ воведоа санкции на Русија поради инвазијата на Украина, а планираат и значително да го намалат увозот на руски гас.

Се очекува дека цената на гасот и натаму ќе расте. 

Унгарците не се откажуваат од рускиот гас. Владиниот портпарол, Золтан Ковач соопшти дека Унгарија потпиша нов договор за гас со Русија. 

Русија ќе испорачува до 5,8 милиони кубни метри гас дневно за Унгарија покрај договорената количина што е веќе на сила.

Слично

Поврзани вести