Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСОВОД: Кој даде амин делницата во Клечовце да чини 75 милиони долари?

ГАСОВОД: Кој даде амин делницата во Клечовце да чини 75 милиони долари?
Молк во институциите. Никој не одговара на кој начин е утврдено дека изгрдабата на гасоводната делницата во Клечовце долга 60 километри ќе чини 75 милиони долари. Или 1,2 милиони долари за километар. Нема одговор на прашањето, како е стигнато до оваа сума, кои анализи, параметри и понуди се земени во предвид. Ниту пак се кажува кои претставници од Владата преговарале и договориле колку ќе чини изградбата на гасоводната делница во Клечовце, што во најголем дел е финансирана со пари од клириншкиот долг, а помал дел е финасираа со пари од државниот буџет. Министерството за транспорт и врски се прогласи за ненадлежно да одговори на прашањата на Фактор, за тоа како и кој договорил дека гасоводната делница во Клечовце ќе чини 75 милиони долари. Оттаму, кратко ни посочија дека тие немаат ингеренции да одговараат на поставените прашања. „Во врска со Вашите прашања, Министерството за транспорт и врски нема надлежност“, беше кусиот одговор од службената е-маил адреса на оваа институција упатено до Фактор. Истите прашања беа испратени и до Министерството за финансии. Но, оттаму не добивме никаков повратен одговор. Неуспешни останаа и обидите на Фактор, одговорите да ги добие од Крсте Миладинов, директор на државната компанија Македонски енергетски ресурси – МЕР.  Миладинов не одговара иако државната компанија со која раководии е задолжена за спроведување на проектот националн гасовод. Но, за ова прашање молчат и во руската компанија „Стројтрасгас“, која е главен изведувач на проектот. Оттаму, за Фактор посочија дека проектот ќе биде завршен на 19. јуни, 2016 година. „Финансискиот план гарантира дека проектот ќе биде завршен навреме и без да се надмине планираниот буџет“, вели за Фактор Олег Фомин, директор во „Стројтрансгас“ Сепак, нејасно останува, зошто Крсте Миладинов, директор на МЕР, одбива да одговори како, кога и кој ја договрил сумата од 75 милиони долари за изгрдба на 60 километри гасоводна делница во Клечовце, кога рускиот изведувач на работите ја посочува токму државната компанија – МЕР  како потписник на договорот. „Нашиот проект е продолжение на меѓувладин договор со кој се уредува враќањето на долгот на поранешна СССР во земјите од поранешна Југославија. 60 милиони долари се клириншки долари и се плаќаат од страна на Руската Федерација и 15 милиони долари се инвестиција на Владата на Република Македонија. Договорот е потпишан меѓу руската компанија "STROYTRANSGAZ" и Македонскиот енергетски ресурси (МЕР), вели за Фактор, Олег Фомин од „Стројтрансгас“. Еве ги прашањата што Фактор ги упати до Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и до државната Македонски енергетски ресурси, а кои предизвикаа молк кај институциите.
  • Како е утврдена цената за изградбата на гасоводната мрежа на делницата во Клечовце?
  • Врз основа на кои параметри, понуди, анализи е направена финансиската конструкација за изгрдбата на делницата во Клечовце?
  • Кој е тимот од македонска страна кој преговарал во утврдување на цената за изградба на гасоводната делница во Клечовце?
  • Во кој официјален документ е наведена цената за за изградба на гасоводната делница во Клечовце?
Иако, на овие прашања сега немаат одговор или се програсуваат за ненадлежни, сепак, минатата недела во присуство на премиерот Никола Груевски, помпезно го најавуваа стартот на проектот и имаа свои обраќања, токму министрите за транспорт и врски и за финансии, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. Државата дава пари, а фирмите што работат, барем засега не се бираат на тендер Но, изградбата на гасоводната делница во Клечовце, отвара повеќе дилеми. Сега во јавноста се проблематизира и начинот на кој ќе се прави изборот на домашните компании што ќе работат на овој проект. Во отсуство на прецизни информации и транспаретност на домашните институции, спорно е тоа што засега изборот на фирмите од Македонија што ќе бидат ангажирани на делницата во Клечовце го прави рускиот изведувач. Односно фирмите се бираат без тендер, иакко проекто делумно е финансиран и со пари од државниот буџет. Засега, ниту една институција не излезе со објаснување, како е можно, изборот на македонските компании што ќе се ангажираат да биде дискреционо право на рускиот иззведувач, и да не се оди на теднер, кога државата дава 15 милиони долари од буџетот. Или пак, ако се планирани тендери, кога и дали ќе се случат? Во меѓувреме, од руската компанија изведувач на проектот „Стројтрансгас“ за Фактор посочија дека десeтина македонски компании, од градежни до сметководствени и консултантски ќе бидат ангажирани во овој проект. Изборот на овие фирми го прави друга руска фирма, која е подизведувач на рабтотите, односно фирмата – „Севергасстројмонтаж“. С.Н.
Слично

Поврзани вести