Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСОТ ВО СРБИЈА ОД ЈАНУАРИ ПОСКАПУВА ЗА 11 ОТСТО - Бајатовиќ: Тоа и натаму ќе биде најниска цена во Европа

ГАСОТ ВО СРБИЈА ОД ЈАНУАРИ ПОСКАПУВА ЗА 11 ОТСТО - Бајатовиќ: Тоа и натаму ќе биде најниска цена во Европа

Вршителот на должноста директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ изјави дека според пресметките на компанијата, гасот од 1 јануари треба да поскапи за 11 отсто.

„Според внатрешната пресметка на Србијагас, цената на овој енергетски производ во Србија би требало да се зголеми за 11 отсто, а тоа би важело од 1 јануари 2023 година. „Тоа сепак ќе биде речиси најниската цена во Европа која сепак би била субвенционирана од државата“, изјави Бајатовиќ за телевизијата Хепи.

Тој додаде дека поскапувањето е неопходно за Србијагас да биде ликвиден и да може да добива кредити, а неопходно е и поради аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд кој ќе бара зголемување на цената и на гасот и на електрична енергија.

Бајатовиќ рече дека поскапувањето на струјата и бензинот нема да биде големо, туку на тој начин што и оние со минимална плата можат да ја платат таа сметка и сметката за комуналии.

Според него, испораките на гас што досега беа обезбедени во магацините се плаќаа благодарение на ликвидноста на буџетот.

Како што рече, Србија обезбедила уште две милијарди кубни метри гас од Русија според формулата за нафта, а 1,2 милијарди од други извори.

Тв Хепи

Слично

Поврзани вести