ГАСОТ НАДМИНА 1.900 ДОЛАРИ: Економската катастрофа во Европа е речиси неизбежна
Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.900 долари за
1.000 кубни метри, првпат од 9 март годинава, покажуваат податоците на
лондонската берза ICE.
Цената на гасот за испорака во август (фјучерс договори) се зголеми во холандскиот центар ТТФ на 1.926 долари за илјада кубни метри, или 182,65 евра за мегават-час (MWh), пренесува Тасс.
Од почетокот на денешното тргување, цената на гасот на дневна основа скокна за речиси 7 отсто.
Ако сега, во средината на летото, цената е толку висока, сосема е реално да се претпостави дека во зима ќе се искачи и до 4.000 долари, оценуваат економските аналитичари.
ФОТО: EPA/ROBERT GHEMENT
Слично
