Гасната термоцентрала ТЕ-ТО заминува во кинеска сопственост?
Порталот „Руска реч“ објави информација дека Руската енергетска компанија ТГК-2, која во своја сопственост ја има термоелектростаницата ТЕ-ТО од Скопје ја разгледува можноста за продажба на дел од активите на кинески инвеститор и руската компанија смета дека ќе добие средства за гаснење на долгот. Централата се проценува на 9.6 милијарди рубли (263 милиони американски долари).
Исто така, порталот информира дека Генерирачката компанија ТГК-2 направи зделка за добивање на ТЕЦ со моќност од 220 МВт во главниот град на Македонија Скопје. На 28 мај енергетската компанија соопшти дека ги има добиено 100% од акциите кои се регистрирани на име на компанијата Bitar Holdings Limited, кому му припаѓаат 89.2% од акциите на ТЕ-ТО АД Скопје, која е сопственик на ТЕЦ. Се проценува дека вредноста на станицата е близу 9.6 милијарди рубли (263 милиони американски долари), појаснуваат во ТГК-2.
-Всушност ТЕЦ во Македонија ѝ припадна на компанијата ТГК-2 од заостанат долг. Во 2010 година ТГК-2 го прифатила предлогот на некоја инвестициска компанија за инвестиција во долговите на компанијата за добивање гас „Севернефт“, со имот, за која требало да се платат 220 милиони американски долари. Зделката била склучена, но потоа била оспорена, и „Севернефт“ ја купил „Еврохим“. Инвестициската компанија ѝ останала должна на ТГК-2 и предложила да се купи ТЕЦ во Македонија и да ја предаде на енергетската компанија. „Контролата на ТЕЦ е воспоставена преку акциите на компанијата Bitar, кои претходно биле под контрола на инвестициската компанија“, појаснуваат во ТГК-2, додава сајтот.
Потенцијален купувач на ТЕЦ во Македонија би можел да стане кредиторот на ТГК-2 „Гаспром“. Извори од пазарот за Комерсант велат дека „Гаспром енергохолдинг“, откако ги проучил активите на ТГК-2, ја разгледал и електростаницата во Скопје. Но, на прашањето на Комерсант, во „Гаспром енергохолдинг“ изјавиле дека „во моментов не се заинтересирани за никакви активи на ТГК-2“.
Според податоците на весникот, постои варијанта за продажба на дел од активот на некоја „кинеска компанија“.
Извор: руска реч
