Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гасификација, плоштад, улици, водоводи… Заев ќе промовира бела книга на реализирани проекти!

Гасификација, плоштад, улици, водоводи… Заев ќе промовира бела книга на реализирани проекти!
Вечерва со почеток во 19 часот во конгресната сала на хотелот „Сириус“ ќе се одржи промоција на БЕЛА КНИГА (2005 – 2013) на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев. Белата книга претставува збирен рекапитулар на досега сработеното во изминатите осум години колку што и оваа општина ја води актуелниот градоначалник Зоран Заев кој истовремено е и кандидат за трет мандат во општина Струмица. Со слики и зборови  на увид ќе бидат 2360-те проекти реализирани во градот и населените места. Станува збор за проекти од сите сфери на живеење кои ја направија Струмица најдобро и најпосакувано место за живеење. Гасификацијата, реконструираниот градски пазар, плоштадот на две нивоа, ободниот канал, новите улици и тротоари, водоводи и канализации, се само дел од 1800-те проекти како капитални инвестиции во инфраструктурата, во чии благодети со години уживаат струмичани.
Слично

Поврзани вести