Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАСИФИКАЦИЈА: Скопје ќе се гасифицира за четири години

ГАСИФИКАЦИЈА: Скопје ќе се гасифицира за четири години
Скопскиот регион ќе се гасифицира за четири години, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска проектот за гасификација на главниот град го презентираше пред бизнисмените од компаниите членки на Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Пресметките на Министерството се дека со гасот како енергетски ресурс, трошоците за греење ќе се намалат за 24%. Избраната компанија, која ќе добие концесија од 20 години за гасоводната мрежа, треба да изгради најмалку 70% односно 175 километри од потребната мрежа за гасифицирање. Повикот трае до 26 мај, а веќе имало заинтересирани компании за изградба на проектот. „Со гасификацијата ќе се намали фиксната цена за трошоците. Огромните намалувања на трошоците се проценуваат на една третина, а инвестицијата за приклучок до системот за природен гас, според процените, се враќа за две до три години“, нагласи Јанакиески. И претседателот на Градежната комора при ССК, Сеад Кочан, нагласи дека гасификацијата ќе придонесе за поголема рентабилност и продуктивност на компаниите.
Слично

Поврзани вести