Гасен спор од 300 милиони долари ги спречка Русија и Белорусија
Русија настојува Белорусија да го плати целосно гасот добиен лани, но засега нема напредок во преговорите. Ова го изјавил рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович, цитиран од странските агенции.
Од почетокот на 2016 година Белорусија преговара со Русија за намалување на цените на гасните испораки. Минск сака да плаќа 73 долари за 1.000 кубни метри наместо 132.
Бидејќи Белорусија платила со 300 милиони долари помалку од сумата што ја должи за испорачаниот гас, Русија го намалила за над 1/3 снабдувањето на бесцаринска нафта за земјата.
На крајот на минатата година Минск и плати на Русија авансно за гас и изрази надеж за обновување на нафтените резерви.
Тогаш сепак Дворкович изјавил дека руската страна го вратила авансното плаќање и инсистира договорот за гас да биде целосно исполнет. Тој не ја исклучуав можноста за решавање на спорот по судски пат.
