Гаревски: Земјотресот не е толку силен за да предизвика штети
Михаил Гаревски од ИЗИИС за 24 вести вели дека е многу тешко да се предвидат земјотресите и дека земјотресот кој утрово го погоди Скопје не е толку силен за да предизвика штети.
„Магнитудата по Рихтер е некаде околу 4 степени. Не би требало да предизвика никакви штети. Длабочината е некаде околу 6 до 10 км и е некаде епицентрално подрачје околу Арачиново. Многу е тешко да се предвидат земјотресите. Неодамна пред поплавите имавме магнитуда 4.8 што е многу посилно од ова“ - вели тој.
Во однос на зградите во последните две години контролата е на исклучително високо ниво, додава Гаревски.
Тој вели дека од 80 -те години посебно се води сметка за зградите.
Земјотрес утрово во 6.57 часот го потресе главниот град и ги вознемири граѓаните.
