Гаревски: Народот да не се плаши, јас мирно ќе спијам
Граѓаните повторно се испаничени по вечерашниот силен, но краткотраен земјотрес кој удри околу 20 часот со магнитуда од 4 степени. Од надлежните институции повторно повикаа на смиреност.
„Нема простор за паника, ова не се силни земјотреси и се работи за последователни помали земјотреси. Јас вечерва мирно ќе спијам во мојот дом во Скопје“, за mkd.mk изјави Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
Во повеќе скопски населби каде има густа концетрација на станбени згради граѓаните повторно излегоа во парковите, а дел од нив кои се најисплашени ќе преноќат кај роднини. Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје посочуваат дека станува збор за помали афтершокови и дека засега нема опасност.
Слично
