Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаревски: На ваква магнитуда не би смеело да има оштетувања на главна конструкција на згради

Гаревски: На ваква магнитуда не би смеело да има оштетувања на главна конструкција на згради

Михаил Гаревски од ИЗИИС вели дека на ваква магнитуда од 5 степени не би смеело да има оштетувања на главна конструкција на згради.

Според него, може да се одлепи малтер, да паднат плочки, да се срушат оџаци од цигли, но за главната конструкција при потрес со ваква јачина не би требало да им штети.

Гаревски објаснува дека не може прецизно да се каже дали ќе следат или не нови потреси.

„Не постои сеизмолог или експерт по земјотресно инженерство кој може прецизно да каже дали ќе има или не нов земјотрес. Утрово имаше земјотрес, и ако овој е појакиот, главниот, а ми личи дека е таков, тогаш може да се очекуваат други афтершокови, што веќе ги имаше“ - вели Гаревски.

Тој не ја исклучува можноста од појава на нови, но послаби потреси.

Во 16.47 часот по локално време, повторно имаше силен земјотрес кој ги вознемири граѓаните.

Слично

Поврзани вести