Гарет загрижен за одлуката на Иванов, ќе треба појаснување
Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет напиша порака на Фејсбук по одлуката за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Денешната изјава на претседателот бара појаснување, смета тој.
„ Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза“ - наведува амбасадорот.
Слично
