Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гарет: Одговорност за злоупотребите е основа за одржлив излез од политичката криза

Гарет: Одговорност за злоупотребите е основа за одржлив излез од политичката криза

Одговорност за злоупотребите откриени во прислушуваните разговори е основа за одржлив излез од политичката криза и е дел од Договорот од Пржино, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет во интервју за Телма. 

Во Македонија, според него, посебно важно е прашањето на одговорност, па затоа и четворицата политички лидери се согласија да се формира СЈО.

„Сега во преговорите фокусот е на изборите, одговорност на партиите е да одлучат кога и како ќе се одржат изборите. Но, одговорност на партиите е да исполнат се што е потребно пред изборите. Тоа го гледам како прв чекор за излез од центарот на оваа криза. Следните чекори се познати од извештајот на Прибе“ – вели Гарет.

Многу нешта се случуваа овде во последните 3-4 години, се направи огромна штета на демократските институции на земјата, додава Гарет. Според него, треба многу време да се добие кредибилитетот, а многу брзо се губи.

Слично

Поврзани вести