Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гарет очекува да се спроведат изборите во декември

Гарет очекува да се спроведат изборите во декември

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет денеска изјави дека изборите закажани за 11 декември се многу важни за Македонија.

Тој очекува овие избори да бидат спроведени и е задоволен што политичките партии постигнаа договор.

„Не би го искористил епитетот оптимист или песимист во врска со моите предвидувања за изборите, би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со изборите закажани за 11 декември е дека се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат“ - рече Гарет.

Гарет и министерот за правда Валдет Џафери денеска потпишаа потпишаа меморандум за соработка меѓу владите на Обединетото Кралство и Република Македонија.

Слично

Поврзани вести