Гарет:Фер избори на 5 јуни ако сите индивидуи и институции си ја завршат работата
Во престојните 60 дена фер и демократски избори може да се организираат, доколку се исполнат обврските од Пржинскиот договор, оценува британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.
„Во моментов многу се работи, но остануваат да се завршат уште многу обврски. До изборите има уште шеесет денови, но јас сум убеден дека доколку сите лица, индивидуи и институциите ја вршат својата работа, ќе биде возможно да има веродостојни избори кои би се одржале на 5 - ти јуни. Сепак на крај се се сведува на зборовите кои се многу битни за договорот од Пржино, искрените намери кои сите ги имаат за имплементација на договорот на Пржино“ -рече Гарет.
Со цел професионално известување на медиумите за организирање на фер и демократски избори, на конференцијата организирана од МИМ информираа дека заедно со експерти и претставници на BBC, веќе правеле обука на новинари и од националниот радиодифузен сервис. Крајна цел е да се постигне избалансирано и непристрасно информирање врз основа на кое граѓаните ќе можат да ја донесат својата одлука за кого ќе гласаат. Состојбата со медиумите до сега неколку пати беше нотирана во извештаите на ЕУ и меѓународната заедница.
Слично
