Гарет демантира дека ќе биде наследник на Орав
Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет демантира дека е еден од можните наследници на евроамбасадорот, Аиво Орав кој наскоро ќе замине од Македонија.
„Многу голема чест ми е што ме прашувате дали сум наследник на Орав, но не сум“- изјави амбасадорот Гарет.
Ова Гарет го соопшти при посетата на општина Аеродром, каде со градоначалникот Ивица Конески се сретна со групата од 11 ученици од збратимената лондонска општина, Вандсворт. Тие денеска присуствуваа на настава во основните училишта во општина Аеродром.
Амбасадорот не сакаше да коментира дали во Македонија се водат преговори за техничка Влада или не.
Неговото име беше споменувано како еден од двајца кандидати кои би го замениле Орав.
Слично
