Гаражата во која Безос го создаде Амазон се продава за вртоглава сума
Куќата во која своите први бизнис чекори со технолошкиот гигант Амазон ги направи најбогатиот човек на светот Џеф Безос се продава за 1,488 милиони долари.
Иако Безос никогаш не бил сопственик на оваа куќа во Сиетл, поради светскиот успех на неговата компанија оваа недвижнина денес го носи прекарот „Родната куќа на Амазон“.
Безос во 1994 година дал отказ на тогашната работа во Њујорк , после што се преселил во Сиетл каде во гаражата на овој дом започнал свој претприемачки потфат.
Оваа недвижни а од 143 квадрати, се наоѓа во предградието на Сиетл. Изградена е во 1954 година, а во 2001 година е реновирана целосно, заедно со гаражата која денес ни малку не личи на онаа во која Безос престојувал пред 25 години.
Инаку, ова не е прв пат оваа недвижнина да е ставена на продажба. Пред десет години е продена за 620 000 долари.
