Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаранцијата за млади ќе се спроведува во целата земја

Гаранцијата за млади ќе се спроведува во целата земја

Гаранцијата за млади ќе се спроведува во целата земја, соопштија од Владата по одржаната 168 седница. 

„Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година, со план за спроведување на територијата на целата земја и ќе биде насочена кон сите млади лица од возрасната група од 15 до 29 години што законски престојуваат во  Република Северна Македонија и не се вработени и не се вклучени во образование или обука“, соопштија од Владата.

Ова е третата фаза од имплементацијата на оваа мерка која во двете пилот фази по региони даде одлични резултати во процесот за вработување на младите.

Слично

Поврзани вести