Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛИЧКА СВАДБА: Чекорење по стапките на предците!

ГАЛИЧКА СВАДБА: Чекорење по стапките на предците!
Денеска сите патишта водат кон Галичник. По 42-ри пат  се подготвува традиционалната галичка свадба. Највозбудени се невестата и зетот, Билјана Гегоска и Филип Белчев од Скопје. Тие за Фактор раскажуваат за значењето и подготовките, честа и возбудата денеска да бидат во центарот на вниманието на оваа традиционална манифестација која претставува вековно културно наследство. 11698577_10203366440201166_3432355110811552585_n Младата Билјана има длабоки галички корени. Таа е ќерка на бајрактарот на Галичките Свадби во 80-тите и 90-тите години и редовен учесник во манифестацијата. Се сеќава дека на само шест години била учесник во спотот на големиот македонски пејач Александар  Сариевски  во кој Галичник е претставен како вистинска природна  атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Денеска нагласува, во нејзините очи родното место е уште поживописно и поубаво, бидејќи очите на јавноста ќе бидат свртени токму во неа и нејзиниот избраник. “Возбудени сме, среќни сме, благодарни сме...Галичник, Мајовци, Црквата ″Св. Петар и Павле″ од клепан камен, бајракот и горското цвеќе со кое е накитен, коњаници, петлици, борини, чешмата Упија, тешкото, не се само зборови кои се зборуваат кога се споменува манифестацијата Галичка Свадба. Тоа се зборови кои ги носи нашата душа и ние сме оние кои ја продолжуваат традицијата како фамилија со Галичко потекло, со корен од Геговци, Крсте, Ѓорѓи, Крсте...За нас и не е Галичка свадба- манифестација, туку е овековечување на нашата љубов, како што и нашето  и учеството на нашите фамилии нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци”-вели невестата Билјана Гегоска. 11741947_10207291811960277_747892371_n Денеска во попладневните часови, од Укален ќе одекне екот на зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на вековната традиционална Петровденска галичка свадба. Вечерта, автентично пред куќата на младоженецот и пред куќата на невестата и низ Галичник, автентично ќе бидат изведени десетина свадбарски обичаи, ќе бидат испеани и многу свадбарски и обичајни песни. Утре на Петровден, младите ќе се венчаат во импозантниот храм „Свети Петар и Павле“, каде што пред Бога ќе си ветат долговечен, верен, заеднички живот исполнет со многу дечиња. Свадбарските адети за младоженецот Филип се несекојдневно искуство. 11053162_10207284918547946_5376726085233394033_n “До сега Билјана заедно со нејзиното семејство учествувала многу пати на Галичката свадба.  За мене и мојата фамилија е особена чест и им е огромно задоволство што имаме  ваква прилика.Прв пат оваа манифестација ја гледав лани и знаејќи колкава е желбата и гордоста за Билјана и ние да бидеме дел од неа, бев иницијатор да се пријавиме на конкурсот. Честа ни припадна нам. Неможам со зборови да го опишам чувството. Покрај оваа традиционална свадба планираме и како би ја нарекле класична свадбена прослава во септември. Но верувајте ова за нас е најголемиот триумф и задоволство”-вели младоженецот Филип Белчев. 11738128_10207284971469269_4566605293965127622_n Поканата, додаваат среќните младоженци е отворена за сите бидејќи има што да се види, а случајните и намерните минувачи ќе можат да бидат дел од  најзначајниот настан за Галичник, да пробаат од галичките специјалитети и да уживаат во несекојдневната природа во срцето на Мијачијата.  Не само природната убавина и глетката која ја пружа ова место, не само колоритот на носиите и вековните традиции, обичаи, туку и звукот  на тапаните и зурлите кој овие два дена  е неповторлив- овој настан  за нив велат нема да биде улога туку чекорење по стапките на нивните предци. С.Б.  
Слично

Поврзани вести