(ГАЛЕРИЈА) Зошто треба да се забранат пластичните кеси
Пластичните кеси се голем проблем за животната средина. На пластиката и требаат околу стотици години да се распадне, а освен тоа таа многу ја загадува природата.
Овие неколку фотографии се вистински приказ за загадувањето од пластичните кеси кои треба да нѐ
замислат дали треба конечно да ги исфрлиме од употреба.
Последиците од најлонските ќеси за животните во дивината се катастрофални. Околу 200 животински видови се загрозени и умираат поради најлонските ќеси.
Најлонските кеси, се разградуваат полека и се распаѓаат на микроскопски отровни супстанци кои ги загадуваат почвата и водата и преку нив влегуваат во процесите на производство на храна.
Пластични ќеси се виновни за смртта на илјадници птици, желки и морски цицачи кои секоја година умираат откако ќе ги изедат или се задушуваат во нив.
Во Средоземното Море секој час завршуваат околу 400 тони отпад, од кои 80 отсто е пластика
Загадени и уништени природни богатства, реки, езера и мориња е резултатот на огромното количество пластични кеси кои се произведуваат и по неколку билиони годишно.





