(ГАЛЕРИЈА) Заев стигна, митингот официјално започна!
Опозицискиот лидер и функционери на СДСМ пристигнаа пред Влада.
Протестниот митинг го отворија студентитр, со химната на Македонија во изведба на Ана Костовска.Централната бина е поставена на крстосницата кај Владата, но целиот центар на градот врие од граѓани.
Се веат разни знамиња, македонски, албански, српски, турски, ромски, а транспарентите на кои е испишана пораката „Збогум Никола“ се многубројни.
Многумина велат дека се дојдени да протестираат против оваа власт која е недемократска , која е власт само на одредена група и се грижи само за одредена маса на луѓе, не сака да го слушне народот кој живее во сиромаштија и против онаа влада која сака да протежира национализам и едноумие.
„Ние тука не дојдовме за партија, дојдовме за Македонија“, велат граѓаните.
„Сакаме мир, слобода, поголема вработеност, а не партиски вработувања“, велат граѓани кои се дел од протестот на СДСМ пред Влада. Скопје е преполно од граѓаните кои излегоа и дојдоа на антивладините протести на СДСМ.
Слично










