Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Кон Припор и Сопиште по „Патот на ужасот“!

ГАЛЕРИЈА: Кон Припор и Сопиште по „Патот на ужасот“!
Додека владините претставници постојано се сликаат пуштајќи во употреба локални патишта или најавувајќи инвестиции во инфраструктурата, жителите на општина Сопиште со месеци секојдневно мораат да возат по, како што велат „Патот на ужасот“. Веќе неколку месеци, едната лента на регионалниот пат, Христо Татарчев, е комплетно ископана, бидејќи се гради канализација за Сончев град, па сообраќајот се одвива само во другата лента. Но, токму тоа претставува сериозна опасност за возачите, оти на овој пат има големи и непрегледни кривини, и постои опасност од директни судири на возилата, со оглед дека сите возат во една лента. 11921928_10153533216077380_448898846_n Сликата е иста почнувајќи од населбата Кисела Вода, па се до населбата Сопиште. SLIKA 1 Дека состојбата од ден на ден се влошува укажува и тоа што пред неколку дена на овој потег се преврте камион. 11863218_10204811535989214_863479235714043342_n Граѓаните реагираат дека дури и кога има работници на патот, тие не секогаш го регулираат сообраќајот. „Некогаш мафтаат со знамињата, зелено, црвено. Ама некогаш дури и кога работат тука, воопшто не го регулираат сообраќајот. Тоа што ние ги искршивме возилата веќе и не е важно, сега најважно ни е само кога возиме да стигнеме безбедно дома“, вели еден од жителите. А проблемот е уште поголем навечер, кога пак нема ниој да го регулира сообраќајот. Предупредување за работа на пат и дозволена брзина од 20 километри на час. Овие сообраќајни знаци се поставени на патот. Но граѓаните велат оти тоа не е решение на проблемот, кој се провлекува со месеци. „Да, поставија сообраќајни знаци. Ама, тие не се решение.Имаше тука отворени, ископани канали, и сообраќајните знаци нема да те спасат,особено не навечер, кога и видливоста е мала, на овој непрегледен пат. Ние не бараме сообраќајни знаци, туку да ја забрзаат работата, да го санираат делот што го ископаа, а не да чекаат уште пет месеци да завршат се па после тоа да асфалираат. “, додава еден жител 11923444_10153533216682380_899895332_n Жителите стравуваат дека сега по завршувањето на летниот распуст на учениците, но и годишните одмори, кога фрекфенцијата уште повеќе ќе се зголеми, и опасноста за движење на овој потег ќе биде уште поголема. „Деца возиме секој ден овде. Дали се свесни во каква опасност не ставаат. Нема избор, ако за кратко не го решат проблемот, ќе најдеме начин и ќе го блокираме патот ако треба, се додека не го асфалтираат. Доста беше веќе, нашето трпение, е при крај особено сега кога почнува и школската година“, додава една загрижена мајка. 11938183_10153533216157380_42635650_n Дел од жителите се жалат дека едвај наоѓаат таксисти кои сакаат да возат на овој потег. „Барав такси, но кога ќе има ја кажам дестинацијата, одбиваат да дојдат.  Велат, многу е лош патот, не се исплати“, објаснува еден жител. Жителите се револтирани бидејќи со месеци никој од надлежните не превзема ништо за да се асфалтира барем делот што е завршен и да се намали опасноста. „Реагираме секаде, и по неколку месеци, еве ставија асфалт, ама само колку да замачкаат очи, ископаа три километри, и не ставија во опасност сите , а сега асфалт ставија на 10 метри. Срамота е ова што се прави. Чиста среќа е што досега немало некоја жртва. Размислуваат ли за тоа сите кои се вклучени во оваа работа? “ вели еден од жителите. Министерство за транспорт и врски - 4,7 милиони евра за изгрaдба на канализација Ќе превземе ли реакција министерството за транспорт и врски, со оглед дека токму ова министерство лани распишало оглас и ја избрало фирмата која ќе ја гради канализацијата на проектот Сончев град, а избрало и фирма што треба да го врши надзорот? Според податоците на Бирото за јавни набавки, министерството за транспорт и врски, на 15 август минатата година има склучено договор со градежната компанија Жикол, за  изградба на фекална канализација во населено место Сопиште и локалитет „Сончев Град“ и одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода по принцип „клуч во раце“. 11950911_10153533218027380_1178279618_n За овој договор Жикол ќе добие близу 4,8 милиони евра, а работата треба да ја заврши за 18 месеци. Министерството за транспорт и врски, само две недели подоцна, односно во септемрви 2014 година, склучило и договор со фирмата ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.ДОО Скопје , која треба да врши надзор над работата Жикол. За овој договор во траење од 12 месеци фирмата ГЕИНГ ќе добие околу 95 илјади евра. Но, освен ресорното министерство граѓаните прашуваат дали  МВР ќе се вклучи за да види дали на потегот од Кисела Вода до Сопиште има безбеден сообраќај. Редици дилеми, кои надлежните институции допрва ќе треба да ги одговараат. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести