(ГАЛЕРИЈА) Влезете во новиот дом на Роналдо од 16,5 милиони евра!
Звездата на Реал Мадрид и еден од најдобрите фудбалери на светот Кристијано Роналдо купил стан вреден 16,5 милиони евра во Њујорк. Станот се наоѓа во популарната Трампова кула во Петата авенија на Менхетен.
Трамповата кула е висока 202 метри и има 58 спратови. Роналдовиот нов стан од близу 235 квадрати бил во сопственост на Алесандро Прот, еден од бизнис соработниците на Доналд Трамп.
Дизајнер на интериерот е Жан Пабло Молињо кој е познато по максимилистичкиот стил. Станот е целосно опремен со традиционален мебел и има три спални соби.
Причината зошто станот со оваа големина е толку скап е панорамскиот поглед на Њујорк од 360 степени.
Кики ќе може да ги следи случувањата на зафатените улици на Менхетен, дури и од својата туш кабина.
Роналдо со купување на овој стан уште повеќе ги подгреа сомневањата дека после Реал Мадрид ќе ја продолжи кариерата во САД.








