Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Студентските проблеми видени од еден уметник! 

(ГАЛЕРИЈА) Студентските проблеми видени од еден уметник! 
Студентите не се само бројка бидејќи тие знаат да ги препознаат и да бараат конкретни решенија за проблемите кои ги мачат. Тридневната автономна зона – АД ХОК Фестивалот кој втор ден се реализира на универзитетскиот кампус е со една цел- да се врати достоинството на студентот, квалитетот на студиите, условите во кои живеат студентите од внатрешноста, да се одбрани Автономијата на универзитетот  и да не се заборави  идејата и борбата за  студентските  права - велат од Студентскиот пленум. Подршка на студентите преку изложба на слики и цртежи им даде и дипломираната дизајнерка Ирина Михајлова која пред две години ги завршила студиите на Факултетот за ликовни уметности,  на отсекот моден дизајн. Вели студентите заслужуваат подршка бидејќи со години се соочуваат со реални проблеми, како низок студентски стандард, немање на капацитети за нивно едукативно и креативно делување, нецелосна и нерешена законска легислатива која се менува често и без нивна вклученост, дел од  студентски  домови кои ни оддалеку не ги задоволуваат стандардите за домување. IMG_0439small_2 Задачата преку слика да ги долови реалните проблеми и предизвици на македонскиот студент, според Михајлова не била воопшто тешка, туку пред се инспиративна,  преку сатирично-хумористична но пред се сурово-реална вистина да му  се погледне во очи на проблемот. “Со оваа изложба сакам да пренесам една поинаква порака, односно што треба да има на пример  еден модерен студентски дом во 21-виот век. Со оглед на тоа што постојано се претставува една неубава слика, која за жал е реална, сметам дека треба да се акцентира што треба да се промени на подобро. Мое  мислење е дека не се зборува отворено и нема соодветна комуникација помеѓу студентите и генерално младиот свет и надлежните, па токму тука настануваат проблеми бидејќи  нивниот глас не е слушнат”- објаснува младата дизајнерка. Преку изложбата како што вели сака да  пренесе позитивна порака конечно да се покрене иницијатива да се реновираат од корен студентските домови, да се започне изградба на нови капацитети  каде студентите би живееле и студирале во достојни услови. “Она што се случува конкретно во некои од блоковите на студентскиот дом  “Гоце Делчев” не му овозможува  на студентот основни  услови како што се греење, топла вода за лична хигиена, топол и свеж оброк, читални, простор за забава итн.Потребни се целосни, а не парцијални решенија кои на подолг рок ќе ги надминат основните проблеми за кои веќе во европските земји не се ни зборува. Таму се бараат и се нудат можности за  освојување на нови знења и пазари, а не за базични  услови за домување” -вели Михајлова. nova fasada Како и науката така и уметноста, според неа  доживуваат  постојано опаѓање и во квалитетот и во можностите да се дојде до целосен израз. Во центарот на општественото живеење е политиката, брзиот профит, партизираноста на системот, па за младите научници и уметници има се помалку простор да творат и да го работат она што најдобро го знаат и умеат. Затоа според неа младите бараат алтернатива надвор од границите, во потрага по внимание  и валоризација на трудот. gradezen materijal fitness centar besplatno utrrinski pijaloci “Факт е дека квалитетните уметниците се помалку имаат право на слободно изразување, да не зборуваме за останатите професии. Не постои нешто пострашно од тоа да му ги “заврзеш” рацете на еден ликовен уметник кој е подготвен да твори и преку своите дела да го пренесе своето мислење. Постојано се зголемува бројот на студенти со завршени студии кои ја напуштаат земјава да го усовршуваат своето образование некаде надвор од границите на нашата држава. topol obrok bar Кон истото се стремам и јас. Веројатно се запознаени со привилегиите што можат да ги имаат надвор и каде можат да ја гледаат перспективата. Имам  голема желба имам да се пробијам и успеам некаде подалеку од Скопје, но тоа не значи дека не би се вратила во родниот град ако се обезбедат услови за да ја изразам својата енергија, креативност, знаење”-порачува дизајнерката Ирина  Михајлова. С.Б.  
Слично

Поврзани вести