Галерија: Скопјани на улица – Штетите минимални, загриженоста голема
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија утринскиот земјотрес имал јачина од 3.9 степени според Рихтеровата скала но, на мала длабочина. Вториот потрес бил нешто посилен со јачина до 5 степени, но не бил толку плиток па затоа освен краткотрајното „дрмање“ не се почуствуваа посериозни последици. Сепак, тоа беше доволно за загриженост кај граѓаните, особено кај скопјани кои во колективната меморија имаат лоши спомени од 1963-та.
Тоа придонесе голем дел од нив кои живеат во станбени згради да ги напуштат домовите во страв дека може да има повратен шок и посилен земјотрес. Дел од нив се собираат пред зградите чекајќи состојбата да се смири. Според сведоштва на граѓани до редакцијата на faktor.mk станарите полека се повлекуваат во своите домови сметајќи дека опасноста е завршена.
Ситуацијата низ приградските населби е многу помирна, особено во населените места каде претежно има куќи, па граѓаните не со во алармантна фаза.
Засега има пријави за помали материјални штети, додека пак телефоните на Итната медицинска помош се вжештени од граѓани кои претрпеле стрес за време на двата потреса.

Слично