(ГАЛЕРИЈА) Сите си имаат претседател, ќе си избереме и ние!
Во тек се студентските избори за нов студентски претседател.
Од утрово се забележани низа нерегуларности, помали инциденти и расправии, но атмосферата делумно е мирна.
Нема избирачки список, ниту пак паравани, само клупа и пенкало.
Студентите прашуваат: Какво е ова „тајно гласање“ кога сите можат да видат за кој ќе го дадеш својот глас. Секој може да види чие име ќе биде заокружено од гласачот.
На ова прашање, комисијата немаше одговор.
На дел од факултетите, членовите на Комисијата немаат ниту легитимации, ниту пак сакаат да дадат информации за излезеноста досега.
Активистите од Студентскиот пленум се на сите факултети. Постојано ја прашуваат комисијата зопто поддржува нелегитимни студентски избори и не дозволува да се одржат фер легални избори.
Тие го бојкотираат изборот на нов претседател на СПУКМ. Се случи и мал инцидент кога повозрасен маж ги снимаше и фотографираше студентите од Пленумот.
Имено, за претседателското студетско столче се борат двајцата студенти Стефан Василевски и Давор Поповски. Гласањето се одвива на 23 факултети од Скопскиот универзитет „Св. Kирил и Методиј“.ФОТО: Фактор







