Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Шаторите распослани, вечерва ќе се ноќева пред Влада!

(ГАЛЕРИЈА) Шаторите распослани, вечерва ќе се ноќева пред Влада!

После завршувањето на натпартискиот граѓански собир кој го организираше опозициската СДСМ, и како што најави лидерот на таа партија Зоран Заев, вечерва граѓани заедно со него остануваат пред Влада.

223

Таму е и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

AMA_9980

Организаторите ги поставија шаторите и ќебињата а според над 4600 лица ќе останат на улица до конечното паѓање од власт на Груевски.

AMA_0001

Во денешниот протест учествуваа десетици илјади граѓани од сите краишта на Македонија.

AMA_0002

Социјалдемократите имаат намера протестите да продолжат секоја вечер, додека не биде исполнето нивното барање за оставка на Груевски и целата влада.

Граѓаните времето го поминуваат играјќи шах, читајќи книги, коментирајќи разно разни теми ...

AMA_0009

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ пак утре организира општонароден митинг како што велат „во поддршка на стабилна и силна Македонија“.

AMA_0013

Претходно денеска, за време на антивладиниот митинг Заев ги повика учесниците да останат на улица до оставка на Груевски.

AMA_0017

„Ние мора да останеме тука пред владата! Никола Груевски треба да поднесе оставка. Додека не си отиде, нема да ја напуштиме оваа локација“, изјави тој пред демонстрантите во Скопје.

AMA_0020

„Се надевам дека тој не мисли дека ако продолжи така, тоа е во негов интерес“.

AMA_9976

„Тој копа уште подлабока дупка за себе и колку поскоро поднесе оставка, толку подобро за сите во Македонија“.

AMA_9983

Премиерот Груевски вети дека нема да се повлече и свика контрапротест утре во Скопје.

AMA_9986

Како одраз на контролата над медиумите, државната телевизија МРТ дури не соопшти за митингот, иако според некои проценки имало над 100 илјади луѓе.

AMA_9987 AMA_9990 AMA_9991 AMA_9994 AMA_9996 AMA_9997

Слично

Поврзани вести