Економија, финансии, бизнис

Контакт

Река од мигранти чека влез во Македонија

Река од мигранти чека влез во Македонија

„Не се враќаме назад” напишаа на своите транспарентни бегалците и мигрантите кои заглавија на македонско-грчката граница.

На македонската граница влез чекаат повеќе од две илјади мигранти.

Оваа тензија на границите следува откако  хрватските, српските и македонските власти одлучија да пропуштаат само бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак кои доаѓаат од воени жаришта.

Стотици мигранти денеска протестираа и ја блокираа железничката линија на македонско-грчката граница, бидејќи Македонија одбива да ги пушти поради тоа што не ги смета за легитимни баратели на азил.

Најмногу мигранти има од Бангладеш, Непал, Пакистан и од Иран и тие се опколени од полиција и војска.

„Ниe не сме терористи, не сме проблем. Ние сме од Бангладеш. Бангладеш е сиромашна земја, нема работа, нема храна, нема ништо. Затоа јас дојдов тука за подобар живот“, вели еден мигрант од Бангладеш.

Од синоќа на полноќ до денес преку Прифатниот камп кај Гевгелија поминале ококу две илјади и четиристотини бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак.

(ФОТО: MKД.мк)

Слично

Поврзани вести