Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Радикализирање на протестите: Средношколците ноќеска ќе спијат во шатори пред МОН

(ГАЛЕРИЈА) Радикализирање на протестите: Средношколците ноќеска ќе спијат во шатори пред МОН

После 13 дена бојкот и три големи маршеви во главниот град, денеска беше скршен мразот кој ги дели надлежните и средношколците. МОН ги повика на средба и преговори еден час после поставувањето за шаторите за кампување.

IMG_0270

Од Средношколскиот пленум за Фактор изјавија дека на средбата присуствувале министерот Адеми , заменик министерот Спиро Ристовски и вицепремиерот Владимир Пешевски.

IMG_0271

Имено, средбата не вроди со плод. Надлежните ги слушнале аргументите на гимназијалците, а Адеми продолжил со игнорантскиот однос и ја напуштил средбата при што се завршило без договор.

IMG_0273

Од МОН побарале средношколците да го прекинат бојкотот и да се вратат на настава, на што наишле не несогласување и е одлучено кампот да продолжи се додека не бидат усвоени сите барања на средношколците.

IMG_0274

Наверојатно утре гимназијацлите ќе бидат повикани на повторна средба а од МОН им рекле дека се подготвени за преговори.

IMG_0276

Сите кои им даваат безрезерва поддршка на средношколците и сите оние граѓани кои сакаат да им помогнат во истрајноста при кампувањето и бојкотирањето на наставата може да поминат во Паркот на Новинарите пред МОН и доколку се во можност да донираат продукти од нивната листа.

IMG_0291

Работи кои им се потребни:

– вода – пластичен прибор за јадење (лажици, вилушки, тањирчиња) – чаши – салфетки, влажни марамици – кафе, чај – шеќер – леб и готови лиснати – храна која не е лесно расиплива – плински боци – овошје

IMG_0283

Од утре средношколците најавуваат низа активности, алтернативни предавања, собирање на потписи за симболична поддршка.

IMG_0278 IMG_0279 IMG_0280 IMG_0282 IMG_0283 IMG_0284 IMG_0292 IMG_0294 IMG_0298 IMG_0299 IMG_0304 IMG_0307 IMG_0312

Од вечерва средношколците ќе ноќеваат во шатори пред МОН се додека не биде слушнат нивниот глас

Слично

Поврзани вести