(ГАЛЕРИЈА) Не може ваму, не може таму … Илјадници протестанти пред Собрание!
Откако беа спречени најпрво пред Влада, потоа пред МВР , илјадници граѓани стигнаа пред Собрание.
И таму ги дочека полицискиот кордон .
Граѓаните извикуваат „Оставки“, „Нема правда, нема мир“, „Грујо оди си“.
Денес е четврт ден како се одржуваат протести против полициската бруталност, а започнаа откако опозициската СДСМ објави аудио снимки поврзани со убиството на Мартин Нешковски, момчето кое беше убиено на прославата на владеачката партија во 2011 на плоштадот во Скопје.
Семејството Нешковски бара одговорност од надлежните кои прикривале детали од тргиќниот инцидент и бараат оставки од министерката и премиерот.
Паралено со протестите во Скопје, се протестира и во неколку други градови ширум земјава како Охрид, Штип, Битола, Свети Николе...






