(ГАЛЕРИЈА) МНР СЕ ПОПЛАВИ ОД ФЕКАЛИИ: Ќе има тужба за фирмата што гради!
ФОТО: ФАКТОР
Сообраќаен хаос, затворени улици за сообраќај и фекалии на сите страни.
Ваква беше вчерашната глетка во центарот на градот каде поради несоодветно поместување на фекалниот колектор на ископот на новата деловна зграда која се гради е поплавен барокниот објект на МНР.
Вчера ЈП Водовод и Канализација вршеше испумпување на насобраните фекалии во Вардар, поради што мораше да ги блокира улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“ а испумпување се вршеше и денеска.
Од општина Центар велат дека овластен градежен инспектор излегол на терен за да утврди што се случува и кои се причините за големото количество вода кое се излева во ископот на градбата.
Инвеститор на градбата е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор „Поинт Дизајн“.
„Инспекторот констатирал дека фекалиите од пукнатата канализациониона цевка ги презема ЈП “Водовод и канализација”, а водите од пукнатата цевка од атмосферска канализација одат во ископот на објектот. “Водовод” ја превзема водата, ја носи во други шахти .
Исто така од општината донеле решение за прекин на градба, додека Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најави тужба за изведувачот на зградата спроти МНР и ќе бараат оштета за направена штета.









