ГАЛЕРИЈА: Како би изгледала новата валута во Грција
Преговорите за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција до неодамна беа во ќорсокак. Сепак и Атина, и Брисел продолжуваат да тврдат дека можноста за Grexit (напуштање на еврозоната од страна на Грција) е сосема реална. Тоа ги враќа шпекулациите за појавата на нова верзија на грчката драхма.
Во интервју за France 2 во понеделникот, комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, рече дека европските власти немаат план Б, во случај ако Атина сепак одлучи да излезе од еврозоната. "Забрането ни е да размислиме дури за таков план. Нема план Б. Обично кога има алтернативен курс на дејствување, тоа значи дека ние веќе не веруваме во ефектот на првичниот план", истакна тој.
Независно од тоа, самите Грци веќе почнаа да се подготвуваат за евентуално излегување од еврозоната. Дизајнерот Павлос Ватикиотис уште во април 2013 година ги претстави моделите кои можат да бидат во основата на новата грчка валута. Неговата работа беше објавено од порталот Protagon.
Во своите коментари Ватикиотис посочи: "Почнав да ги цртам новите драхми на шега ... Но, на крајот, резултатот е прилично сериозен. Според мое мислење паричните средства треба да бидат убави. Тоа е еден вид огледало на земјата. Можеби најдобра опција е ако од деноминациите ни се гледаат видни луѓе од земјата. Не знам дали мојата работа ќе затреба на некого некој ден. Можеби Грција ќе се врати на драхмата ".
К.К.
Погледнете ги неговите дела:
Слично
