(ГАЛЕРИЈА) Атмосфера од Кампот пред Влада
Веќе трет ден како граѓани и поддржувачи на опозицијата го поминуваат времето надвор од домовите и меките постели ги заменија со камп шатори.
Ова ќе им биде трета по ред ноќ тие решителни да спијат под ведро небо во шаторите.
Демонстрантите засега се одлучни. Нема лесно да си заминат од пред Влада

-Подготвени сме овде да останеме до крај. Се додека не падне оваа Влада, сакаме подобра иднина за нашите деца, вели еден граѓанин.
Нивното барање е повлекување на Премиерот Груевски и цела влада.
Заедно со нив таму синоќа беше и опозицискиот лидер кој денеска замина за Стразбур , каде заедно со премиерот Никола Груевски ќе имаат средба со еврокомесарот Хан.
Во кампот се организира базар, турнир во шах, а пред импровизираната бина ди- џеј пушта музика од различни жанрови.


















