ГАЦОВ ЗА СКАНДАЛОТ СО ПЕНЗИИТЕ: Од ова ќе бидат оштетени сите граѓани
Даночниот експерт Павле Гацов во Топ тема на Телма вели дека чудна му е аферата со неиплсаќаните придонеси во вториот пензиски фонд.
„Ако ова се случеше во приватна компанија сега ќе имаше апсења“, вели тој.
Гацов рече дека ова најверојатно се знаело уште во 2018 година, плус ПИОМ сигурно има внатрешен ревизор.
Тој вели дека идните пензионери нема да бидат оштетени, туку сите граѓани ќе бидат оштетени.
Гацов изјави дека треба да се тргнат раководните лица од таа институција.
Рече дека ако ова се случувало десет години, што ли уште може да се направи.
Во дебатата беше кажано дека имало лица кои работеле во странство, па дури потоа се вработиле во Македонија, земјоделци, вработени во јавниот сектор.
Слично
