Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гацов: За прв пат видов наплата на провизија кај оној што плаќа со картичка, каде е државата?

Гацов: За прв пат видов наплата на провизија кај оној што плаќа со картичка, каде е државата?

Даночниот советник Павле Гацов на социјалните мрежи објави дека за прв пат видел случај во кој при плаќање со дебитна картичка била наплатена провизија од тој што плаќа.

Експертот вели дека ако државата ова го дозволува премолчено,тоа значи дека се стимулира плаќањето со готовина и сивата економија.

„Некои потези немаат логично објаснување. Ако е така, тогаш... за пари се работи. Имено, борбата против сивата економија е долгогодишен државен проект.. барем на хартија. Таквата "борба" бара дестимулирање на готовинското плаќање за сметка на картичното и онлајн плаќањето.

Денес, прв пат забележав наплатена провизија од плаќачот (не од наплатувачот), сега со 1 денар, но набрзо веројатно со 10, 20 или 50 денари. Со наплата на провизија за плаќање со картичка од страна на плаќачот (и наплатувачот секако плаќа провизија за користењето на картичката) се поттикнува плаќањето со готовина.

Готовината по дефиниција е гориво на сивата економија и керозин за корупцијата. Некој, нешто ... од одговорните регулатори ?!“, напиша Гацов на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести