Гацов: Шест пати поскапени некои од услугите на АД Пошта
Даночниот консултант Павле Гацов на својот профил ан социјалните мрежи објави дека некои услуги од ценовникот на Ад Пошта поскапеле и до шест пати.
„Аирлија ! Македонска пошта со нов Ценовник од 1 мај 2026 година.
Зголемувањата на цените се движат до 6 ...Не, не,... не се проценти. Некои од ЦЕНИТЕ се зголемени за 6 (ШЕСТ) пати (печатени работи, книги, списанија, весници,...).“, напиша Гацов.
Експертот додава дека овие мерки се непопуларни и ќе влијаат негативно на работата на издавачите.
„Чудим, на мерките за борба против инфлацијата.
Одговор на засегнатите издавачи: Ќе следи брз премин на дигитални изданија ..“, допиша тој.
Слично
