Економија, финансии, бизнис

Контакт

Габриел: Турција на чело со Ердоган нема место во ЕУ

Габриел: Турција на чело со Ердоган нема место во ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека Турција не може да се приклучи кон ЕУ, додека на власт е претседателот Реџеп Ердоган. 

„Тоа не значи дека ние не ги сакаме, но турската Влада кај Ердоган се движи брзо во спротивна насока од она што е Европа ... Јасно е дека Турција во нејзината сегашна состојба нема да стане членка на ЕУ“, изјавил Габриел во интервју за весникот „Билд“. 

Претходно министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изјави дека со сегашното раководство пристапувањето на Анкара во ЕУ не е можно и до 2023 година, кога ќе биде одбележана 100-годишнната од основањето на модерна Турција. 

Односите меѓу ЕУ и Турција се влошија по обидот за пуч во земјата - Европската унија ја критикуваше реакцијата на турските власти, масовните апсења и други мерки на Анкара и застана зад подготовките за отворање нови поглавја за пристапување на Турција кон Европската унија. Особено се затегнаа односите меѓу Турција и Австрија, која инсистира на прекин на преговорите за пристапување на земјата кон ЕУ, како и со Германија, поради апсењето на заштитувачите на човековите права во Турција.

Слично

Поврзани вести