Економија, финансии, бизнис

Контакт

Г.Г.Стефан: Нема потреба од промена на календарот

Г.Г.Стефан: Нема потреба од промена на календарот
Во интервју за државната агенција МИА, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија оценува дека нема потреба од промена на календарот, посочувајки дека со сегашниот кој е во употреба се врзани многу настани од нашата традиција. -          Ова прашање е премногу апсолвирано во јавноста. Пред секој Божик се иницира. Ставот на Синодот е јасен и претставен – нема потреба од промената на календарот, од промената на досегашната наша црковна традиција, со која, си спомнувате, се поврзани и многу настани од нашата национална историја. Кога ќе го празнуваме Илинден, ако го смениме каландарот? Затоа, повеќе ни е потребна духовната преобразба, отколку промената на календарот, вели во Интервјуто за МИА, поглеварот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан.
Слично

Поврзани вести