Г-8: Светските економски перспективи се слаби
Лидерите на осумте најразвиени држави(Г-8,) кои заседаваат во Северна Ирска, потенцираа дека светските економски перспективи и понатаму се слаби иако ризиците се намалуваат, делумно поради политичките акции преземени во САД, еврозоната и Јапонија.
По разговорите за глобалната економија, лидерите исто така објавија дека Јапонија треба да се занимава со дефинирање на среднорочен фискален план.
“Ризиците во еврозоната се намалија во текот на минатата година, но се уште останува во рецесија, се истакнува во соопштението од самитот во Северна Ирска. Заздравувањето на САД продолжува и дефицитот паѓа во контекст на потребата од понатамошен напредок и инвестиции насочени кон подобрување на растот, истакнуваат лидерите на Г-8.
Слично
