ФЗЦ чека нов газда, а веќе стана партнер во изградбата на гасоводот!
ФЗЦ ќе биде еден од партнерите на руската Стројтранс гас во изградбата на гасоводната делница до Клечовце, бизнис вреден 75 милиони долари. Упатените сметаат дека идниот газда на фабриката може да добие вреден капацитет, особено ако се остварат најавите дека оваа и следната година ќе заврши изградбата на фабриката.
Акциите на кумановската фабрика за цевки ФЗЦ 11 Октомври по втор пат се огласени на продажба. Како што јави Капитал една компанија од Русија, друга од Турција и една од најголемите домашни фирми за производство на цевки се во игра да станат мнозински сопственик на кумановската фабрика за цевки, 11 Октомври.
Се продаваат 234.158 обични акции со право на глас што се во сопственост на Експорт импорт банката која е во стечај, по почетна цена од 500 денари што е шест пати пониска во споредба со претходниот оглас кога истите акции се понудија на продажба по 51,13 евра.
Јавното наддавање ќе биде на 24 март. Доколку има само една понуда и таа биде прифатена по почетната цена од огласот, инвеститорот ќе треба да одвои 1,9 милиони евра за да стане доминантен сопственик на оваа кумановска компанија, чија акција деновиве на берзата е една од најбараните.
Инаку, како што Фактор веќе напиша, ФЗЦ ќе биде еден од партнерите на руската Стројтранс гас во изградбата на гасоводната делница до Клечовце, бизнис вреден 75 милиони долари. Упатените сметаат дека идниот газда на фабриката може да добие вреден капацитет, особено ако се остварат најавите дека оваа и следната година ќе заврши изградбата на фабриката.
Фабриката произведува специјални цевки за гасовод, така што многу е веројатно дека токму во Куманово ќе се прават цевките за делницата.
ФЗЦ 11 Октомври е производител на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик.
ФЗЦ 11 Октомври е без доминантен сопственик подолго од десет години откако падна во стечај банката што гo поседуваше мнозинскиот пакет акции. Минатата година ја преполови загубата. Оствари загуба од 254.270.000 денари, покажува Билансот на успех на компанијата. Претходната, 2013 година, компанијата имаше загуба од 513.623.000 денари. Вкупните приходи од продажба лани беа 319.996.000 денари, од кои 83.260.000 се остварени на домашниот пазар.
Слично
