FXLider Настан 2 и 3 јуни во Скопје
Втор по ред голем финансиски настан кој го организира FXLider во Македонија, ќе биде одржан на 2 и 3 Јуни во хотел Александар Палас, беше најавено вчера од FXLider. Под називот ‘FXLider Настан’, овој дводневен настан ќе биде фокусиран на едукација како на искусни трејдери, така и на почетници, кои се заинтересирани за тргување и заработка на светскиот финансиски пазар.
Првиот ден, од 11ч до 18ч, ќе бидат организирани 1 на 1 состаноци со senior account менаџерите на FXLider, кадешто секој, од почетник до оние поискусните, со кафе и освежување ќе имаат прилика да ги добијат потребните информации и помош поврзано со тргувањето на глобалните финансиски пазари.
После состаноците 1 на 1 следи главниот дел од настанот, FXLider семинар во 18:30 ч. На тема „ Основни стратегии за тргување на глобалниот финансискиот пазар “. На семинарот ќе можат да присуствуваат и почетници и напредни трејдери, а бројот на места е ограничен на 100 учесници, кои покрај квалитетна едукација, ги очекуваат и вредни подароци. Детали за 1 на 1 состаноците и семинарот, како и формуларот за пријава на овие настани можете да погледнете овде.
Вториот ден од настанот ќе биде наменет за почетниците кога ќе се организираат 8 работилници за 8 различни теми кои ќе ги покријат основите на тргувањето, и сето тоа ќе биде во една неформална атмосфера. Работилниците ќе ги водат senior account менаџерите на Fortrade во групи од по 12 луѓе а комплетниот список на работилници како и формуларот за пријава можете да го погледнете овде.
„Целта на FXLider настаните, како и претходните, така и идните настани кои FXLider планира да ги организира во Македонија им овозможуваат на нашите клиенти професионални услуги по европски стандарди, како и запознавање и едуцирање на јавноста за овој алтернативен начин на заработувачка. Би сакале да Ви претставиме потенцијал, моментални можности, но и ризици кои постојат на светскиот финансиски пазар, на сите кои се заинтересирани за тргување“, објавува FXLider.
Слично
