Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фустеларко Борец“ не успеа да продаде ниту една акција

„Фустеларко Борец“ не успеа да продаде ниту една акција
Компанијата „Фустеларко Борец“ АД Битола ја прогласи за неуспешна продажбата на сопствени акции. Според информацијата доставена до Македонската берза, компанијата не успеала да продаде ниту една од понудените 9.513 сопствени акции. Јавната понуда за продажба на сопствени акции беше одобрена од Комисјата за хартии од вредност на 26 февруари. Предмет на понудата беа 9.513 обични акции кои претставуваат 11,71 проценти од вкупниот број на издадени акции од „Фустеларко Борец“ – заштитно друштво Битола. Вкупниот износ на емисијата беше 11.415.600 денари, што подразбира дека продажната цена беше 1.200 денари по акција. Продажбата се вршеше заради усогласување со Законот за трговски друштва, одржување на стабилност на компанијата и заради прибирање на парични средства.
Слично

Поврзани вести