Фунтата зајакна, но што е со еврото и доларот?
Промени има кај валутите, односно еврото и фунтата умерено зајакнаа, а доларот ослабна.
Еврото напредуваше за 0,17 отсто на 0,97395 долари. Вредноста на фунтата се зголеми за 0,42 отсто на 1,1225 долари, откако премиерката Лиз Трас во петокот изјави дека корпоративниот данок на Велика Британија ќе се зголеми на 25 отсто од април следната година наместо да биде замрзнат на 19 отсто, како што првично беше најавено како дел од „мини буџетот“ на нејзината влада. Јапонскиот јен е скоро на најниското ниво во последните 32 години, затоа што пазарите чекаат сигнали за интервенција од јапонските власти. Европската централна банка во петокот ја одреди референтната стапка за еврото на 0,9717 долари.
Слично
