Фунтата „потона“ под притисок на Брегзит
На крајот на тргувањето во петокот курсот на фунтата беше 1,2955 долари, што е 2.4% помалку од недела дена претходно.
Во еден момент фунтата „падна“ и на 1,2798 долари, што е најниско од 1985 година. На светските пазари на валути и минатата недела во фокусот беше фунтата. Таа е на најниско ниво во последниве 31 година, затоа што инвеститорите се плашат од можни последици од Брегзит.
И еврото минатата недела ослабе и „падна“ на 1,1050 долари, односно за 0.8% во однос на доларот.
Еврото „падна“ и во однос на јенот за 2.7% односно „падна“ на 111,10 јени.
Доларот во однос на јенот падна за 2% и изнесуваше 100,50 јени.
Според аналитичрите, мала е веројатноста фунтата да зајакне.
Од друга страна минатата недела многу зајакна јапонскиот јен, а тоа е последица на нестабилните пазари и затоа што инвеститорите во вакви околности бараат сигурни засолништа за својот капитал.
