Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фунтата нокаутирана, берзите растат-парадокс или не?

Фунтата нокаутирана, берзите растат-парадокс или не?

Предвидувањата на брокерите се остварија бидејќи на отворањето на тргувањето на Лондонската берза индексот FTSE 100 скокнал повеќе од еден процентен поен.

Блу чип индексот  FTSE 100 добил 85 поени и скокнал на 7535 поени, што е само 65 поени помалку од рекордното ниво.

Иако фунатата губи на вредност, експерти од лондонското Сити предвидуваа и пред отворање на берзата дека индексот FTSE 100 лесно ќе расте.

Причина за тоа е што слабеењето на британската валута всушност е добро за мултинационалните компании чии акции се листирани на Лондонската берза.

Меѓутоа, индексот  FTSE 250, кој вклучува мали и средни британски компании, паднал 0,5 проценти на отворањето.

Британската валута потона на петмесечен минимум бидејќи стана се поизвесно дека владеачката Конзервативна партија ќе го изгуби мнозинството во парламентот.


Слично

Поврзани вести