Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фунтата нестабилна, во еден момент се изедначи со еврото

Фунтата нестабилна, во еден момент се изедначи со еврото

Фунтата е нестабилна, во еден момент вчера се изнедначи со еврото. 

На азиските берзи фунтата доживеа вртоглав пад, и за само неколку минути се намали за 6%. 

Таа се менуваше за 1,18 долар, што е најниско ниво од 1985 година наваму. Ова предизвика паника меѓу трговците кои се обидоа да ја откријат можната причина. 

Банката на Англија најави истрага за случувањата на азиските берзи. 

Аналитичарите веднаш ги поставија дилемите дали зад изненадувачкото опаѓање на фунтата се крие човечка грешка, дали тоа се должи на Брегзит или, пак, на политичката состојба. „Индипендент“ пишува дека „пропаста“ на фунтата е заради тврдите коментари на францускиот претседател, Франсоа Оланд во однос на склучувањето на договорот по Брегзит односно барањето Британија да плати висока цена за Брегзит. Иако по наглиот пад, вредноста на фунтата се зголеми на 1,22 долар, аналитичарите велат дека вчерашното опаѓање покажува колку може надолу да оди британската валута во иднина. 

И претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вчера соопшти дека ЕУ треба да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзино напуштање на сојузот.

Неговата реакција следува откако британската премиерка Тереза Меј рече дека сака договор за напуштање на Унијата што на Британија ѝ нуди „максимална слобода“ да дејствува на европскиот пазар, додека од друга страна задржува контрола врз имиграцијата.

Јункер на прес-конференција во Париз предупреди дека Британија ризикува да „погази сѐ што е изградено“ за шест децении европска интеграција. Премиерката, Тереза Меј најави дека ќе почне преговори со Брисел за Брегзит до крајот на март идната година. 
Наспроти се потврдите ставови на германската канцеларка Ангела Меркел, која инсистира Велика Британија да не добие никакви отстапки во преговорите за напуштање на ЕУ, нејзиниот заменик и министер за економија, Зигмар Габриел предлага поинаква тактика во односите со Лондон. Габриел, кој е и лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), бара ЕУ да стори сѐ што може за да ја зачува Велика Британија поблиску во текот на преговорите, а во исто време да се зачува интересот на Унијата.

По одлуката на Британците да си заминат од европското семејство, фунтата претрпе низа промени. 

Слично

Поврзани вести