Фунтата и доларот го достигнаа минимумот-што е со франакот?
Британската фунта ослабна на осмонеделен минимум во однос на доларот рано во понеделникот, во пресрет на референдумот кој би можел да ја „извлече“ Британија од ЕУ.
Фунтата ослабна 1,4 проценти во петокот, а во текот на азиското тргување утрово, паднала уште 0,5 проценти на 1,4182 долари.
Фунтата исто така го допре едномесечниот минимум од 79,355 пени за евро.
Доларот паднал на едномесечен минимум од 106,26 јени, односно 0,6 проценти на дневно ниво.
Централните банки на САД, Британија и Швајцарија треба да одржат монетарни состаноци оваа недела, но инвеститорите не очекуваат промени во политиката со оглед на тоа дека постои голема неизвесност во врска со референдумот во Британија.
Еврото ослабна на 1,12475 долари, што претставува најниско ниво од 3 јуни.
Сигурниот швајцарец добро се држел, се тргувал на 1,0840 франци за евро, што е највисоко ниво во претходните три месеци.
